Македонија
29. September 2017 - 8:47

Дванаесет сообраќајки во Скопје, потешко повредени двајца пешаци

Двајца пешаци се потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет со полесни повреди се здобиле девет лица, а во пет е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои пет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, како и 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 111 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 82 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во второ одделение во ООУ „Кирил и Методиј“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Спортинг Лисабон, Португалија.

Во недела со почеток во 17:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Загреб, Хрватска.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е пренасочување на сообраќајот.