Џет-Сет
3. March 2017 - 11:12

Дванаесет славни лица кои не ги интересираат компјутери, интернет и социјални мрежи

Додека многу славни лица од Холивуд се активни на социјалните мрежи, мала група од нив не сакаат никаква врска со технологијата. 

Американскиот комичар Луис Си Кеј подолго време изразува противење на употребата на мобилни телефони, бидејќи, како што рече во едно интервју во 2013 година, мобилните ја нарушуваат човечката способност за сочувство.

Оскаровецот Кристофер Вокен, зборувајќи за филмот „The family fang” рече дека не користи компјутер. Толку е надвор од технолошката револуција што во една прилика продуцентот од филмот за време на снимање му позајмил телефон. По завршувањето на снимањето на филмот, Вокен го вратил телефонот.

Американската глумица Винона Рајдер во интервју од 2010 година, изјави дека не користи интернет, а истата година призна дека и компјутерот ретко го користи.

„Имам меил на БлекБери и тоа е тоа” – рече ѕвездата од серијата „Stranger Things”.

Анџелина Џоли пред неколку години призна дека дури не знае да вклучи компјутер. „Мојот мозок е премногу распрснат, жиците ми одат во различни насоки. Читам каталози” – истакна славната глумица.

Нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит не е многу поинаков. Славниот глумец изјави дека не знае да користи компјутер и дека не сака да учествува во „машина за публицитет”.

Британскиот музичар Елтон Џон неодамна изјави дека интернетот треба да се изгаси на пет години.

„Да излеземе на улиците и да протестираме наместо да седиме дома и да пишуваме блогови” – рече Елтон Џон за британскиот весник Sun.

Џорџ Клуни е голем противник на Фејсбук и Твитер. 
„Попрво би имал ректален преглед во живо на ТВ отколку да направам Фејсбук страница” – истакна Клуни.

Во интервју за Esquire вели дека секое славно лице кое има профил на Твитер за него е морон.

Глумицата Рејчел МекАдамс во 2009 година призна дека вести слуша на радио, бидејќи нема телевизија и дека не знае како се праќаат меилови.

Еминем во 2010 година за Spin изјави дека не сака да користи компјутер, бидејќи во тој случај константно ги читал коментарите за себе што, како што рече, го довело до лудило. Иако се придружил на Твитер во 2009 година, до сега твитнал само 642 пати.

Глумецот Џеки Гиленхал во 2014 година во разговор за USA Today изрази фрустрација поради тоа што луѓето денес постојано гледаат во своите мобилни наместо да комуницираат едни со други.

Џенифер Лоренс во 2014 година за Би-Би-Си Радио 1 изјави дека идејата за Твитер и е неподнослива.

„Не сум добра со телефоните и технологијата. Едноставно не можам да држам чекор со тоа, така да идејата за Твитер ми е незамислива” – вели Лоренс.

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот” Сара Џесика Паркер во 2013 година за Е! News соопшти дека воопшто нема мобилен. Исто така рече дека не гледа смисла во постојано фотографирање за социјалните мрежи. вз/ссм/11:02