Дванаесет луѓе загинаа при уривање на воен товарен авион во Конго
Воен товарен авион се урна во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса, при што животот го загубија сите 12 членови на екипажот, соопшти директорот на градскиот аеродром Џорџ Табора.
- Се урна товарен авион. Тоа е воено летало. Екипажот не го преживеа падот, истакна Табора.
Меѓу загинатите двајца се државјани на Конго, а останатите се странци. Засега не се знае од која националност се жртвите.
Претставник од авијатичарската агенција на Конго нагласи дека станува збор за авион Антонов Ан-12, кој патувал кон градот Букаву, во источниот дел на земјата. Авионот се урнал откако претходно се обидел да се врати назад кон аеродромот кратко време по полетувањето поради техничка грешка.
Поради премногу либералните закони за безбедност, авионските несреќи во Конго се многу чести, а на сите авиокомпании од таа земја им е забрането да сообраќаат во државите од ЕУ.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април