Македонија
24. January 2016 - 16:37

Двајцата повредени во пожарот се уште во критична состојба

Сеуште се во критична состојба двајцата повреди во пожарот кој синоќа избувна во куќа во Шуто Оризари. Лицата кои се на возраст од 32 и 34 годишна возраст се со изгореници по телото и пределот кај дишните патишта за нив се борат лекарите од болницата Наум Охридски. Третиот повреден со изгореници по рацете е пуштен на домашно лекување. Роднините велат дека останатите членови од семејството престојуваат кај нив дома. Пламената стихија  целосно  го проголта домот на 8членото семејство меѓу кои се и 4 деца.

По најавата од Министерството за труд и социјала, денеска и делегација од СДСМ предводена од генералниот секретар Оливер Спасовски беше во посета на опожарената куќа и  апелираа до граѓаните кои можат  да помогнат за ова семејство.

Пожарот најверојатно избувнал од шпоретот на дрва на кој се грееле,  велат соседите. МВР вчера изврши увид но сеуште нема информација кои се причините.  Пожарникарите  навремено го локализирале пожарот пред пламените јазици да ја зафатат и соседната куќа.