Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19
Во Градската општа болница „8 Септември” тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирус, информираа од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби, како што посочија, заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.
Од Министерството потенцираа дека овие две јавни здравствени установи изминатите денови се засилени со кадар. На Инфективната клиника по систем на ротација дојдени се пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, ендокринологија и Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид, како и 27 медицински сестри од Специјалната болница „Јасеново“, и од болниците во Кавадарци, Кочани и од Кичево.
Во ГОБ „8 Септември“ тимот се зајакна со шест доктори – двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од болницата во Отешево и болницата во Гостивар. Оваа јавна здравствена установа се зајакна и со 20 медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија, и Специјалната болница „Лешок“.
Од почетокот на епидемијата со коронавирусот целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување од овој непредвидлив вирус, нагласија од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје