Македонија
23. September 2017 - 13:15

Двајца загинати во страотна сообраќајка на патот Градско - Прилеп

Вчера во 13,15 часот на регионалниот пат Градско- Прилеп, кај 35-ти километар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(52) од Кавадарци и товарно моторно возило „Даф“ со велешки регистарски ознаки, со полуприколка управувано од А.Б.(35) од с.Ваташа-Кавадарци.

Во незгодата возачот на патничкото моторно возило Д.Ј. и сопатникот од истото Д.Ч.(56) од с.Манастирец-Росоман, се здобиле со тешки телесни повреди, пренесени се во Градска болница-Прилеп, каде што им подлегнале на повредите. 

Увид на лице место извршиле екипа од ПС-Прилеп и јавен обвинител по чија наредба телата на починатите се дадени на обдукција.