Свет
2. јуни 2020 - 11:06

Двајца загинати во протестите во Чикаго

Две лица загинаа за време на немирите во Цицеро, предградие на Чикаго, кои во САД траат веќе седми ден поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење, јави Би-Би-Си.

Претставник на градските власти изјави дека 60 лица се уапсени, но не даде дополнителни информации за загинатите или за околностите на нивната смрт.

За смртта на Флојд, полицискиот службеник Дерек Шовин е обвинет за убиство од трет степен, а тројца други полицајци се отпуштени.