Свет
2. May 2018 - 20:23

Двајца загинати при пад на авион на Националната гарда на САД

 - Два лица загинаа денеска при уривање на товарен авион од типот Ц-130 на Националната гарда на САД во близина на аеродромот во градот Савана во американската сојузна држава Џорџија.

Локалната агенција за вонредни состојби на округот Четем информира дека авионот се урнал покрај крстосница на два автопати.

Засега нема информации за причините за падот на авионот.