Двајца загинати и 27 повредени во верижен судар на автопат во Германија
Две лица загинаа, а 27 се повредени во верижен судар на околу 40 возила на автопатот во близина на Вирцбург, во германската област Баварија.
Една 52-годишна жена и двегодишно дете загинаа на местото на несреќата, додека друго дете мораше да биде пренесено во болница со повреди опасни по живот, изјави утрово портпаролот на локалната полиција.
Властите соопштија дека автопатот морал да биде целосно затворен во правец на Нирнберг до утрово по трите несреќи на влажен пат што се случиле во краток временски период вчера попладне.
Според властите, првиот верижен судар во кој учествувале 17 автомобили се случил околу 16 часот, кога некои возачи на кои им било одвлечено вниманието од оштетено возило на страната на патот, се удриле еден во друг.
Две лица се тешко повредени, а девет други се здобиле со полесни повреди.
Веднаш потоа, неколку стотици метри претходно, повеќе автомобили се судриле во возила што застануваат по што се запалиле три возила.
Жена и мало дете загинале, додека три лица се тешко повредени, меѓу кои и дете со повреди опасни по живот, а 11 лица се полесно повредени.
Околу половина час подоцна, се случила уште една несреќа на крајот од сообраќајниот метеж, во која исто учествувале три возила. Во овој судар две лица биле полесни повредени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи