Свет
19. јуни 2017 - 10:37

Двајца загинаа во џихадистички напад во Мали

Две лица загинаа синоќа при џихадистички напад во туристичката населба Кангаба, во близина на главниот град на Мали, Бамако.

- Малиските командоси ги ослободија дванаесетмината заложници што беа задржани од страна на џихадистите, а четворица напаѓачи се убиени од силите за безбедност на Мали, наведе министерот за безбедност Салиф Траоре. 

- Тоа беше џихадистички напад. Малиските специјални сили ги ослободија дванаесетмината заложници. За жал две лица се убиени. Пронајдени се две тела на напаѓачите, а војниците трагаат по телата на уште двајца, нагласи Траоре, но не наведе дали има напаѓачи кои успеале да побегнат.