Македонија
14. July 2018 - 12:42

Двајца возрасни паднале од потпорен ѕид во Галичник

Вчера околу 21.30 часот во село Галичник на место викано „Плачковци“, движејќи се по патека која била на потпорен ѕид, М.П.(65) и А.П.(62) од Скопје се лизнале и паднале на висина од околу 2 метри.

Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде по укажана лекарска помош, поради сериозноста на повредите се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

Овој викенд во село Галичник се одржува традиционалната Галичка свадба.