Македонија
5. October 2018 - 15:27

Двајца возрасни Англичани претепале помлади скопјани, набрзо се приведени

Вчера во 23.30 часот пријавено е дека во трговски центар во Скопје лицата Р.Ф.Б.(58) и Д.В.Е.(54), двајцата од Англија, го нарушиле јавниот ред и мир со физики напад врз А.Ј.(29) и С.Н.(28) од Скопје. 

По нападот тие побегнале со такси возило, но набргу потоа биле пронајдени и приведени во Полициската станица Центар за понатамошно постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.