Македонија
22. March 2016 - 13:17

Двајца возачи претепани на скопската обиколница

Вчера во 01.35 часот во Ургентен центар-Скопје, биле донесени повредени С.С. (20), кој управувал  патничко моторно возило “Ауди А“ со скопски регистарски ознаки и В.М. (21), кој управувал патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, двајцата од Скопје.

Истите на обиколницата, од клучка Мирковци кон клучка Визбегово, биле физички нападнати од страна на пет непознати машки лица, кои управувале  патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

Притоа С.С. се здобил со телесни повреди, а В.М. се здобил со тешка телесна повреда(фрактура на нос). 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.