Македонија
27. January 2022 - 12:58

Двајца вооружени Албанци приведени во Аеродром

Вчеравечер во 21:30 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле приведени 28-годишниот М.Н. и 38-годишниот А.Д. двајцата од Република Албанија, затоа што кај нив биле пронајдени два ножа, со што сториле прекршок од Законот за оружје.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.