Балкан
23. March 2017 - 11:41

Двајца војници повредени во експлозија во воена база во Албанија

Во експлозија во воена база во Албанија повредени се двајца војници, соопшти денеска албанското Министерство за одбрана.

Експлозијата се случила синоќа во воената база Порто Романо, 40 км од Тирана. Не е наведена причина за експлозијата, јавија локални медиуми.