Балкан
6. September 2015 - 11:10

Двајца турски полицајци се убиени во напад на ПКК во Дијарбекир

Најмалку двајца полициски службеници се убиени, а тројца се повредени рано утринава во вооружена акција на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) како одговор на операциите на турските безбедносни сили против младинското крило на организацијата во југоисточниот турски округ Дијарбекир, пренесува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Полициските сили спроведоа операции протви членови на Движењето на патриотската револуционерна младина рано утринава во регионот на градот Сур, каде се обидоа да ги затворат рововите ископани од локалното население за борба против силите за безбедност. Тогаш членови на движењето отвориле оган од рачен ракетен фрлач при што се убиени двајца полицајци и тројца се повредени.

Во операцијата се приведени неколку лица, а полицијата издала предупредување граѓаните  да не ги напуштаат своите домови. Според весникот спорадични пукотници и експлозии биле регистрирани во целиот регион.