Македонија
26. April 2018 - 13:28

Двајца тинејџери на мотор повредени во сообраќајка во Гостивар

Вчера околу 22,30 часот на крстосницата на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Сеат ибица“ со гостиварски регистерски ознаки , управувано од К.С.(23) од
Гостивар и велосипед со мотор „Јиа јуе матадор“, што го управувал 16-годишен малолетник од Долна Бањица.
 
По несреќата, 16- годишното лице и неговиот 17-годишен сопатник, исто така, од Долна Бањица, со медицинско возило пренесени се во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување лекарска помош, каде што им се констатирани телесни повреди.