Македонија
11. May 2020 - 10:33

Двајца сведоци на судењето за организаторите од 27 април

Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска сведочат во предметот познат како организаторите на собраниските случувања од 27 април.

Застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Во овој случај обвинети се поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

Обвинети се за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста.
 

Зоран Јаневски