Македонија
5. March 2020 - 12:17

Двајца странци кои дошле од Келн сомнителни на корона- Сместени се во хотел во центарот на Скопје

Двајца странци кои на 28ми дошле во нашата земја и се сместени во хотел во центарот на Скопје, се сомнителни на корона вирус. Од Хотелот пријавиле дека имаат симптоми на грип и епидемиоли на терен прават анкета а им биле земени и брисеви.
 
Филипче вели дека странците, од кои еден е државјанин на Сингапур а вториот од Австралија, неколку денови не излегле од соба и ќе бидат таму во озолација додека не бидат готови резултатите.
 
Филипче најави дека ќе побара продолжување на мерката за беодржување на јавни собири до 13 март а од мобилните оператори ќе побараат за странците кои влегуваат во нашата земја да добиваат порака на телефон за превентивните мерки.
 
Сања Димитровска