Живот
22. December 2016 - 10:30

Двајца сопружници од Калифорнија го прославија својот развод со забава

Мишел Махони и Џеф Бесера, двајца поранешни сопружници од Калифорнија, кои 24 години биле в брак и имаат две ќерки, го прославуваат својот развод со голема забава.

Брачните проблеми на двојката почнуваат во 2014, и тие решаваат да се разделат. Но, и покрај тоа, тие го сочувале пријателството и одлучиле по тој повод, да организираат коктел за своите најблиски.

Најголем дел од поканетите гости одговориле позитивно на Фејсбук поканата за „настанот“, но сепак имало и такви кои сметаат дека поводот не е за славење.