Македонија
21. January 2020 - 11:15

Двајца скопјани уапсени откако кај нив била пронајдена дрога

Вчера во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода П.М.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така вчера во 13.40 часот на ул.„Димитар Туруманџовски“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од с.Инџиково, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. При приведувањето, пријавениот физички ги нападнал полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.