Македонија
27. October 2019 - 14:27

Двајца скопјани приведени на улица

Во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Самоилова“ во Скопје го лишиле од слобода 25-годишниот Д.П. од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 Исто така, во 12.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на реонот на Бит Пазар во Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(30) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.