Македонија
2. April 2017 - 14:06

Двајца скопјани ги стигна казната - долго ќе бидат зад решетки

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода 36-годишниот В.А. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години и два месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
 
Истиот бил спроведен во затвор„Скопје“.   
 
СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба исто така го лиши од слобода 29-годишниот И.А. од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.
 
Истиот бил спроведен во Полицијата Кисела Вода за понатамошна постапка.