Свет
23. November 2015 - 17:23

Двајца Швеѓани обвинети за убиства во Сирија

Шведското обвинителство покрена обвинение против двајца шведски државјани од Гетеборг поради тероризам и две убиства извршени во Сирија.

Јавната обвинителка Агнета Хилдинг Кварнстром изјави дека обвинетите, на возраст од 30 и 32 години, се товарат дека заклале двајца мажи во Сирија во 2013 година.

Во обвинението се наведува дека постојат фактографски и видео докази, кои покажуваат дека обвинетите извршиле убиства во Алепо.

Кварнстром истакна дека двајцата Швеѓани, кои се уапсени во јули, „изразиле задоволство поради своите дела“.

Обвинетите би можеле да добијат доживотна казна затвор, што во Шведска значи минимум 20 до 25 години. Судскиот процес започнува в четврток во Гетеборг.