Македонија
28. March 2018 - 14:17

Двајца штипјани приведени поради поседување дрога

Двајца жители на Штип вчера биле лишени од слобода и приведени во полициска станица откако по извршен претрес во нивните домови е пронајдена и одземена  марихуана спакувана во четири најлонски ќеси, со вкупна нето маса од околу 350 грама, како и четири паковки амфетамин, една вага и една дробилка.

МВР соопшти дека претресот во домовите на Д.П.(29) и П.Ч.(33) бил извршен по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на наркотична дрога марихуана и по обезбедена наредба од Основен суд за претрес на дом и помошни простории.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.