Македонија
3. August 2018 - 16:38

Двајца сенатори покренаа резолуција во Сенатот на САД за поддршка на Преспанскиот договор - ОМД најави контрарезолуција

Републиканецот Рон Џонсон и демократот Крис Марфи му предложија на американскиот Сенат резолуција со која се поздравува Договорот со Грција.  Сенаторите од Конектикат и Висконсин побараа Капитол Хил да даде поддршка за овој договор за да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот.

 „Ако биде ратификуван, договорот ќе и го отвори патот на „Република Северна Македонија“ да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја острани ранливоста во Западен Балкан и ќе ја намали можностите за руско мешање. Русија се обидува да ја поддржи опозицијата за поткопување на договорот, на што Грција одговори со протерување четворица руски дипломати“, се наведува во резолуцијата.

Пред комитетот за надворешни работи на Сенатот двјацата сенатори потенцираа дека Договоот ќе влијае на безбедноста во регионот.

Резолуцијата на Марфи и Џонсон доби поддршка од уште шестмина сенатори но не и од македонската дијаспора.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е незадоволна од Резолуцијата на Сенатот број.602, претставена вчера која е навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување. 

Македонскиот народ е недвосмислено против промената на македонското име и идентитет по цена на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Оваа позиција на зачувување на македонското име и идентитет, ја застапува Претседателот на Република Македонија Др. Ѓорѓе Иванов, кој го смета договорот за неуставен и спротивен на волјата на македонскиот народ – се вели во реакцијата на Обединетата македонска дијаспора.

Александар Спасовски за Сител Телевизија