-->
-->
Двајца ранети при ракетен напад од Сирија врз турска територија
-->
Две лица се ранети денеска кога врз турскиот пограничен град Килис биле истрелани две ракети од сириска територија.
Како што објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет“ ракетите биле истрелани утрово нешто пред девет часот по локално време (осум часот по средноевропско време).
Килис досега во неколку наврати беше цел на ракети и гранати истрелани од сириска територија. При еден од ваквите напади минатиот месец загинаа едно возрасно лице и едно дете.
Се претпоставува дека нападите се извршени од страна на припадници на џихадистичката група Исламска држава, која ја контролира територијата од сириската страна на границата кај Килис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори