Двајца прилепчани осомничени за „тешка кражба“ во стан во Аеродром
СВР Скопје поднесе кривична пријава против прилепчаните К.В.(28) и Д.М.(24) осомничени за „тешка кражба“ во општина Аеродром, во која стекнале противправна имотна корист од околу 60.000 денари. Во претходна постапка на првопријавениот од судија му е одредена мерка притвор осум дена, а второпријавениот е во бегство.
Пријавените на 17-ти месецов околу 15 часот извршиле тешка кражба во стан на булевар „Јане Сандански“, на прв кат во зграда, во кој влегле од влезната врата. Со тврд предмет ја оштетиле видеокамерата поставена на влезната врата од соседниот стан, но таа продолжила да снима.
Во станот, во кој немало никој, влегле со подесен клуч (калауз) и по пребарувањето пронашле и украле златни пари и накит, евра и бугарски левови, по што незабележано го напуштиле станот во непознат правец.
Снимките од видеозаписот на безбедносната камера на влезната врата од соседниот стан полицијата ги споредила со фотографии од евиденции на МВР при што е утврдено дека се работи за познати сторители на вакви кривични дела.
К.В. на 24 ноември бил пронајден и приведен во Битола, а второпријавениот е се уште во бегство.
- При приведувањето кај пријавениот пронајдени се осум банкноти од по 50 евера и еден мобилен телефон, кои со потврда се одземени и за кои постои можност дека дел се пари кои се украдени од станот, а останатите дека потекнуваат од продажбата на златните предмети. Врз основа на претходно издадена наредба од страна на судија на претходна постапка извршен е претрес во домот (во Прилеп) на првопријавениот и при тоа не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела, соопшти МВР.
Пријавениот К.В. негирал дека го извршил кривичното дело и кажал дека во Скопје последен пат бил пред околу 10 месеци.
- Пријавените се претходно познати извршители на кривични дела од областа на имотните деликти, како и кривични дела против здравјето на луѓето за што на К.В. поднесени му се пет кривични пријави и на Д.М. поднесени му се три кривични пријави, наведува МВР.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората