Двајца пратеници го прашуваат Борисов дали имало странско мешање во експлозиите во бугарските воени фабрики
Пратениците од партијата „Демократска Бугарија“ во новоизбраниот бугарски Парламент, Мартин Димитров и Велизар Шаламанов, му поставија прашање на премиерот во оставка, Бојко Борисов, поврзано со експлозиите во складишта за муниција во Чешка од агенти на Руско воено разузнавање ГРУ.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, се поставува прашањето дали бугарските специјални служби имаат какви било податоци за вмешаноста на разузнавачките служби од други земји во експлозиите во воените погони на територијата на Бугарија во последните 10 години. Пратениците го прашуваат Борисов и дали е поднесено некакво обвинение.
Според бугарските пратеници, темата е исклучително актуелна во бугарската јавност, бидејќи неофицијално, се тврди дека руските специјалци имаат врска и со експлозиите во бугарските воени фабрики. Тие посочуваат дека во последните неколку години се регистрирани 19 експлозии во воени погони во Бугарија, како што беше таа од 2014 година во Чешка.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Велизар Шаламанов во 2004 година беше министер за одбрана на Бугарија, а од 1998 до 2001 година бил заменик министер за одбрана и член на Советот за безбедност на бугарската Влада за време на премиерот Иван Костов. Шаламанов е претседател на надзорниот одбор на Агенцијата за информации и комуникација на НАТО.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово