-->
-->
Двајца повредени во судар на две возила во Скопје
-->
Вчера во 18.20 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски таблици, управувано од Х.К. (19) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски таблици, управувано од З.М.(69) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Југо“, Б.М.(61) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот З.М..
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација