Македонија
18. January 2019 - 9:55

Двајца повредени во судар на две возила во Аеродром

Вчера во 15.45 часот на крстосницата од булевар „АСНОМ“ и улица „Февруарски Поход“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(19) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Сеат Ибица“ и М.С.(20) од Скопје, сопатничка во истото возило.

На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.