Македонија
19. August 2019 - 15:13

Двајца повредени и оштетен електричен столб при судир на две возила во Тетово

Две лица се повредени во сообраќајна незгода на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, а оштетен бил и метален електричен столб.

Според информациите на СВР Тетово незгодата се случила утрово околу 7 часот и 45 минути.

– Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило „Форд фиеста“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 31-годишниот Р.В. од тетовска Мала Речица и патничко возило „опел астра“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 58-годишниот тетовец М.Р. Двајцата повредени возачи пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.