Македонија
7. September 2020 - 17:36

Двајца потешко повредени во сообраќајка кај новиот мост на Брегалница во Штип

Двајца мажи се потешко повредени откако со возило излетале од коловозот пред новиот мост на реката Брегалница во Штип по што со возилото  паднале на пеашачката патека  и се удриле во дрво.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова потврдува дека несреќата се случила во 15 часот во близина на новиот мост на реката Брегалница во Штип.

Според очевидци возилото опел астра се движело од штипската наслеба Сењак кон новата обиколница.

Велат дека среќа е што во моментот кога возилото  слетало од коловозот немало рекреативци на пешачката патека која што секојдневно штипјани ја посетуваат и пешачат на неа покрај реката Брегалница.

Штипските пожарникри се повикани да интервенираат при вадењето на двајцата мажи од автомобилот.

Откако се извадени од возилото се хоспитализирани во штипската  клиничка болница.

Според првичните информации, нивната здравствена состојба е сериозна со тешки повреди.