Свет
3. January 2017 - 12:55

Двајца полицајци ранети при инцидент во Швајцарија

Швајцарската полиција трага по вооружен маж, кој утрово рани двајца полицајци во местото Рехетобел. 

Инцидентот се случил околу 9.00 часот кога полицајата се обидела да извршат претрес во домот на 33-годишниот осомничен напаѓач, кој при тоа отворил оган врз полицајците и ранил двајца од нив. 

Осомничениот е во бегство и можно е да е вооружен, предупреди швајцарската полиција.