Свет
15. March 2016 - 18:35

Двајца полицајци повредени во вооружен инцидент во Брисел

Двајца полицајци се повредени при престрелка во Брисел за време на антитерористичка операција.

Белгиската полиција соопшти дека напаѓачот успеал да избега и оти операцијата била поврзана со минатогодшните напади во Париз.

Врз полицијата било пукано од автоматско оружје.

Во реонот на инцидентот има училиште и децата се блокирани во објектот, а во прекин е движењето на градскиот паркинг.