Македонија
31. March 2020 - 14:40

Двајца починати и 44 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово - 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп - 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

•       Скопје- 175
•       Дебар - 47
•       Куманово - 47
•       Штип- 14
•       Тетово - 10
•       Прилеп - 10
•       Струга - 7 
•       Велес - 6
•       Битола - 4
•       Охрид - 3
•       Кавадарци - 2
•       Гостивар - 1
•       Крива Паланка - 1
•       Струмица - 1
•       Гевгелија - 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.