Свет
4. March 2019 - 10:01

Двајца Палестинци се убиени откако со возило прегазија израелски војници

Автомобил со Палестинци утрово удри група израелски војници во окупираниот Западен Брег, а двајца од напаѓачите се убиени од израелските војници, а третиот е повредени, соопшти израелската армија.

– Двајца напаѓачи се неутрализирани откако прегазија неколку војници, а третиот е полесно повреден, се наведува во соопштението на израелската армија.

Но, не е соопштено во каква состојба се прегазените војници.

Инцидентот се случи десетина километри североисточно од Рамалах.