Македонија
29. November 2021 - 19:58

Двајца од повредените патници заминаа на домашно лекување, тројца денеска се вратија во Македонија

Со изгореници  и полесни повреди попладнево пристигнаа уште двајца пациенти кои денеска беа отпуштени од софиската болница Пирогов. Се работи за сопружници од Студеничани кои ја преживеаја трагичната несреќа.  Сите се на клиниката за пластична хирургија каде беа пречекани од голем број роднини со кои се видоа само на кратко на влезот од ургентен.

Со пациентите  уште веднаш ќе работи тим психолози а на клиниката ќе останат уште неколку дена.

Транспортот беше извршен со тим лекари со посебни амбулантни возила. Мустафовски кој е еден од возачите со кои беа донесени пациентите ни откри дека за прв пат имал ваква задача и  чувствувал голема одговорност.

Во текот на денот беше транспортирана 25 годишната Медина од кумановско Сопот. Паралелно со неа беше пуштен и нејзиниот вереник Љуљзим државјанин на Србија но тој е пренесен во болницата во Врање. Чичкото на Медина вели таа се уште е под  голема траума.

Пациентите кои во саботата беа транспортирани денеска се пуштени на домашно лекување. Се работи за најмладата повредена 17 годишната девојка и 49 годишен маж. На лекување во болницата во Пирогов остана уште еден од повредените кај кого беа извршени две операции една на колено и една на рбетниот столб и е во стабилна здравствена состојба.