Македонија
15. September 2020 - 18:36

Двајца новозаболени и петмина оздравени од Ковид-19 во Делчево

Двајца новозаболени и шестмина оздравени е новиот денешен биланс во однос на пациенти кај кои е регистрирано присуство на вирусот Ковид-19. Бројката според надлежните задоволува ако се има во предвиде дека повеќе од еден месец во пијанечката општина имаше зголемен број на случаи со коронавирус.

– Она што е најважно е што се намалува вкупниот број на случаи кој сега со новите двајца позитивни и 6 оздравени пациенти изнесува 77 активни случаи. Бројката е заедничка со граѓаните на М. Каменица каде од почетокот на пандемијата има 27 случаи со Ковид-19, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“.

Оттаму додаваат дека поради присуство на вирусот кај новотестираните, во наредните денови можно е мало зголемување на бројката на заболени.

Во поблиските општини денес е регистрирано присуство на вирус кај едно лице од Берово. Во оваа општина исто како и во Пехчево денес има по 4 оздравени пациенти од коронавирус.