Македонија
16. јуни 2020 - 10:11

Двајца млади заразени со коронавирусот во Тиквешко

Дваесет и пет годишна кавадарчанка и 28- годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирус во Тиквешко, за МИА потврдуваат денеска  од Центар за јавно здравје Кавадарци. Дознаваме дека кавадарчанката работи како медицинска сестра.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, појаснува дека двете лица засега се со лесна клиничка слика. Се работи на утврдување на контактите кои ги имале, со цел нивна изолација.