Македонија
10. August 2015 - 13:00

Двајца млади велешани крвнички претепани во Карпош 4

Ноќеска околу 00,15 часот, во Скопје на ул „Никола Парапунов“ неколку непознати лица физички ги нападнале Н.И.(24) и Џ.И.(24) од Велес употребувајќи и тврди предмети и при тоа им го оштетиле и возилото по што го напуштиле местото на настанот.

Истите се пренесени во Градската болница „8-ми Септември“ каде им е укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.