Македонија
27. January 2022 - 13:12

Двајца млади скопјани тешко повредени, со автомобил излетале од патот

Двајца млади скопјани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера наутро во 07:50 часот било на скопската обиколница, во близина на клучка „Стајковци“.

Како што информираше МВР патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот С.И. од село Арачиново, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот и сопатникот С.И.(20) од село Арачиново се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.