Двајца министри во српската Влада позитивни на Ковид-19
Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ е хоспитализирана откако е потврдено дека е позитивна на Ковид-19. Таа има воспаление на белите дробови, но според српски медиуми добро се чувствува.
Со новиот коронавирус заразени се и министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин и шефот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.
Според денешните податоци, во таа држава драстично е зголемен бројот на новозаразени – 227 од Ковид-19. Бројот на активни случаи е 1.197, а на респиратори се 32 пациенти. Во изминатите пет денови во Србија има трицифрен пораст на новозаразени.
Седуммина студенти од Студентски град во Белград се заразени со Ковид-19, а присуство на вирус е потврдени и кај четири ученици од осмо одделение и двајца директори на училишта во Белград и Нови Пазар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација