Балкан
29. December 2016 - 10:57

Двајца мигранти загинаа, а 10 се повредени во сообраќајка кај Ниш

Двајца мигранти загинаа, а десет други, од кои пет деца, се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на автопатот Ниш-Белград, соопшти српската полиција.

Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат" во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел. Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш.

Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак. 

- Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете, изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.