Македонија
23. September 2022 - 16:19

Двајца мажи украле пари и златни предмети од куќа во Охрид во вредност од 676.500 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(48) и Џ.Д.(69), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

- Тие, во периодот од 10.06.2022 до 10.07.2022 од куќа во Охрид одзеле пари и златни предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 676.500 денари, информира МВР.