Балкан
8. February 2020 - 18:40

Двајца мажи хоспитализирани во Загреб поради сомнение за коронавирус

Во загрепската инфективна болница примени се двајца мажи поради сомнение дека се инфицирани од новиот коронавирус, соопшти денеска хрватскиот министер за здравство Вили Берош.

Тој рече дека тие засега немаат сериозни здравствени проблеми, а дали се заразени со коронавирус ќе се знае по прегледите и тестирањата.

Берош појасни дека едниот човек бил во Кина изминатиот месец, каде имал сирусно воспаление, по што оздравел. Но по враќањето во Хрватска почнал повторно да кашла. Другиот е Кинез кој дошол од Белгија, чија мајка била во Кина. Таа е здрава, а тој има некаква вироза.

– Нивните сиптоми не мора ништо да значат, но теоретски се е можно. Не треба да се крева паника, порача хрватскиот министер.