Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајки со мотоцикли
Вчера во 11.15 часот на крстосница од магистралниот пат Штип-Делчево и ул.„Гоце Делчев“, на влез во с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од
Е.Ш.(37) од Кочани и мотоцикл „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Соколарци, кочанско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.
Истиот ден околу 19.00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација