Македонија
22. November 2020 - 12:00

Двајца малолетници од Кавадарци со возило излетале од коловозот, едниот е тешко повреден

Синоќа во 03.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот, соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.