Македонија
12. August 2021 - 13:25

Двајца Кубанци се обиделе нелегално да влезат во Грција преку Македонија

На 12.08.2021 во 02.40 часот, полициски службеници спречиле нелегално минување на државната граница од Република Македонија во Република Грција на лицата В.Д.(29) и М.Б.Ј.(23), двајцата од Куба.

Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата. По преземени мерки на лицата им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влегување во Република Македонија.