Двајца косовски државјани обвинети за кражба на облека од трговски центар во Скопје
-Обвинетите, по претходен договор, на 11 октомври, во две продавници лоцирани во еден трговски центар во Скопје украле јакна вредна 11.290 денари и елек во вредност од 6.290 денари. Кражбите ги извршиле користејќи исти прилики и исти околности. Првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража. Првообвинетиот со употреба на физичка сила ги отстранил бип алармите закачени на облеката и ја облекол на себе под неговата облека. Потоа и двајцата излегувале од продавницата, соопшти Јавното обвинителство.
Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетите да се дадат во бегство и на тој начин да ја избегнат кривичната одговорност, особено затоа што се работи за странски државјани, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двете лица.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд